Макси посакува да остане во Милан

28-годишниот Аргентинец, Макси Лопез очајно се надева дека ќе потпише пернанентен договор со италијанскиот гигант, Милан.
Аргентинецот во текот на зимскиот преоден рок од тимот на Катанија се пресели во Милан на позајмица со опција за откупување на договорот по крајот на сезоната за сума од 8 милиони евра.
„Мојот агент наскоро ќе зборува со челниците на Милан“- рече Макси за Sky Sport Italia.
„Мислам само на Милан.Среќен сум тука и сметам дека можам да придонесам многу повеќе за овој клуб“
„Посакувам да играм само во Милан.Навистина сакав да го носам овој дрес и мислам дека се покажав во добро светло.Секогаш го давав најдоброто од себе кога тренерот ќе ми дадеше шанса за игра“ – заврши Лопез.
Сидорф: Можно е да останам во Милан

Ветеранот на Милан, Кларен Сидорф истакна дека сеуште не размислува да се пензионира и смета дека може да игра фудбал уште најмалку 2 -3 години.
„Едно е сигурно, нема да се пензионирам.Сакам да играм фудбал уште 2-3 години“- открива Сидорф.
Договорот на Сидорф со Милан истекува наредниот месец, а прославениот Холанѓанец сеуште не донел одлука за својата иднина.Тој вели дека не исклучува никаква можност, па дури ни можноста да остане во Милан уште една сезона.
„Одлука за мојата иднина ќе донесам во наредните седум дена.Не исклучувам никакви можности, па така ни можноста да останам во Милан уште една сезона.“- заврши 36 – годишниот Сидорф.
Инзаги: Ќе се вратам

Феноменалниот напаѓач на Милан, Филипо Инзаги изрази жалење што ги напушта редовите на „росонерите“ но порача дека еден ден повторно ќе се врати во клубот кој го носи во срцето.
Пипо на најдобар можен начин се прости од навивачите на Милан, постигнувајќи гол за победа против Новара.Единствено што ќе фрли сенка на тој погоок е фактот што истиот тој не им обезбеди на “росонерите„ трофеј во домашниот шампионат.
„Супер Пипо“ зад себе го остава клубот во кој ги помина најдобрите играчки години и со кој освои се што еден фудбалер може да посака во текот на кариерата.
„Малку зборови може да се употребат во вакви моменти.Се чуствувам прекрасно, но во исто време тешко ми е да прифатам дека заминувам.Да играм во клуб а тоа да не е Милан е тешко изводливо, така да ќе ми требаат неколку денови за да одлучам што понатака“-рече Инзаги.
Ветеранот за крај порача дека не се работи за конечно простување од клубот и навивачите затоа што верува дека ќе најде свое место во Милан кога еден ден ќе се врати на „Сан Сиро“.
„Сигурно еден ден ќе се вратам во Милан затоа што тој клуб и љубовта која ме врзува за него не се завршува со ова простување“- заврши Супер Пипо.
Галијани: Не знам како ќе најдеме замени за овие фудбалери

Потпретседателот на Милан, Адриано Галијани изрази жалење поради заминувањето на легендите од Милан и истакна дека не знае како Милан ќе најде нивни замени.
Алесандро Неста, Кларен Сидорф, Филипо Инзаги, Џанлука Замброта и Џенаро Гатузо се легендарните фудбалери кој заедно со Рома и Марк ван Бомел го напуштаат Милан.
„Во овие моменти ми е многу тешко да кажам било што.Си заминуваат играчите кои пишуваа историја со Милан. Со овие фудбалери од 2003 до 2007 бевме на првата позиција на ранг листата на УЕФА.Невозможно е да се најдат нивни замени.Каде ќе го најдеме новиот Џенаро Гатузо? Новиот Неста или Инзаги?Многу сум тажен затоа што овие фудбалери повеќе нема да ги гледам во Милан“- рече Галијани.
Прес конференцијата на Гатузо

Прославениот италијански фудбалер, Џенаро Гатузо одржа емотивна прес конференција на која потврди дека си заминува од Милан и откри дека посакува да се врати во Глазгов Ренџерс.
Наредниот месец истекува договорот на искусниот Џенаро кој заедно со Неста, Инзгаи, Mарк ван Бомел и најверојатно Замброта и Сидорф ќе ги напушти редовите на „росонерите“.
„Би сакал да му се заблагодарам на Милан за се што ми пружеше во текот на сите овие години.“
„Во овој клуб поминав 13 прекрасни години кој беа како сон.Сепак, животот оди понатаму.Сакам да продолжам да се борам и да докажам дека моето време сеуште не поминало“- истакна Гатузо свесен дека за него во тимот на Милан има се помалку место.
„Никогаш не би барал место во стартниот тим по секоја цена,Отсекогаш сум ја почитувал одлуката на клубот и тренерот.Сепак, овој пат одбив да го продолжам договорот затоа што не сакам да му бидам на терен на никого.Одам понатака и од почит према Милан никогаш не би го облекол дресот на Јувентус или Интер.Во договор со фамилијата ќе одлучам каде ќе ја продолжам кариерата“- истакна Гатузо и во исто време откри која е неговата најголема желба.
„Мојот сон е повторно да го облечам дресот на Ренџерс.“
„Тоа е клуб во кој стекнав афирмација, клуб кој се наоѓа во големи проблеми.Сеуште не сум се чул со никој од луѓето во клубот, но моја голема желба е да завршам онаму каде што започнав“- рече Гатузо.
Алегри потврди: Монтоливо доаѓа во Милан

Тренерот на Милан, Масимилијано Алегри потврди дека Монтоливо од следната сезона ќе го носи дресот на Милан.
Иако тоа не е големо изненадување, Алегри потврди дека Милан веќе се договорил со играчот и тој од идната сезона ќе ги брани боите на Милан.Договорот на Монтоливо со Фиорентина истекува ова лето и тој по пат на слободен трансфер ќе им се придружи на „росонерите“.
„Монтоливо ќе дојде во Милан“- рече Алегри.
„Тој е одличен фудбалер со одлична техника.Во секој случај Милан и наредната сезона ќе остане конкурент во Серија А и Лигата на Шампионите и покрај заминувањето на голем дел од фудбалерите.Милан мора да продолжи со победите и трофеите.“
Алегри исто така зборуваше за ветераните кои го напуштаат Милан.
„Овие се важни денови за нас, затоа што играчите што си одат ја изградија историјата на Милан“
„Тие се добри личности и минатата година многу ми помогнаа кога пристигнав.Тие всушност се еден дел од Милан, но животот оди понатаму и ние мораме да гледаме напред.Утре ќе биде многу жалосен ден затоа што ќе ги испраќаме овие големи шампиони“-заврши Алегри.
Ван Бомел: И јас си заминувам…

Марк ван Бомел е последниот играч кој потврди дека го напушта Милан.
После заминувањата на Неста, Сидорф, Гатузо и Инзаги, и Марк ван Бомел соопшти дека заминува од Милан и истакна дека ќе му се придружи на тимот на ПСВ Ајндховен од Холандија.
Тој не е еден од легендите на клубот меѓутоа во овие 18 месеци во Бомел многу придонесе за Милан и беше еден од клучните играчи за освојувањето на Скудетото минатата година.
„Иако јас не сум како Пипо и Неста кој го напуштаат Милан после 10 години, не е лесно да се напушти ваков одличен тим.Сакам да му се заблагодарам на Галијани што ме доведе тука.Направив се што можев за овој тим.Го освоивме Скудетото минатата година но за жал не и сезонава.“
„Сега јас ќе се вратам во Холандија со моето смејство.Ќе му се придружам на ПСВ а после тоа планирам да станам тренер.Незнам, можеби еден ден ќе се вратам тука, но како тренер“
„Тешко е да се каже било што моментално.Повторувам дека за мене не е лесно да се напушти овој тим после година и пол.Од почетокот, ми кажаа дека Милан е како семејство, и тоа беше вистина.Овој тим беше моето семејство.Секој се однесуваше прекрасно кон мене уште од првиот ден.Сакам да им се заблагодарам на сите.Forza Milan!“ – рече Бомел.
Повикани играчи за мечот со Новара

Утревечер Милан ќе го одигра последниот во Серија А за оваа сезона.Тимот на Алегри ја дочекува екипата на Новара во 15:00 часот во меч кој ќе биде последен за 6-те фудбалери на Милан: Гатузо, Инзаги, Неста, Рома, Замброта и Сидорф.
Еве ја и листата на повикани фудбалери за натпреварот:
Голмани: Амелија, Рома, Пишчители.
Одбрана: Мезбах, Мексес, Неста, Замброта, Јепес.
Среден ред: Аквилани, Боатенг, Фламини, Гатузо, Ночерино, Сидорф.
Напаѓачи: Касано, Ел Шарави, Ибрахимовиќ, Инзаги, Робињо.
Филипо Инзаги, проштално писмо

Ова што сега ќе го прочитате, сето тоа има се помало значење во однос на една работа. А, прва и единствена работа, која сакам да ја знаете и да ја запамтиме засекогаш е следнава: Играв и победував за НАС!
Да играш и да победуваш, а притоа да не ги споделиш емоциите со другите, е безначајно.Но јас и вие, Ние, победувавме сите заедно.Се надевавме, патевме, се радувавме, славевме… Ги подигавме до небо трофеите од Куповите и Скудетото со соединети срца.И, тоа никој никогаш не може да ни го одземе.
Знаете, драги Миланисти, кога стигнав во Милано вие не бевте известени за тоа.Престојував сам тајно во еден хотел и не смеев да ја напуштам својата соба без потреба, за да не бидам забележан и да не ги загрозам преговорите помеѓу Јувентус и Милан.
Првите недели и месеци ме „проучувавте“, се запознававме, се гледавме.А потоа и се засакавме.Онаа вечер кога игравме против Торино, бевте лути, не ни одеше добро,молчевте. Почнав да се загревам и вашите овации, посветени на мене, не однесоа кон победа, не однесоа во квалификации за Лигата на Шампиони, а потоа и во финалето во Манчестер.
Овие спомени, како и оние кој ми помогнаа да ги средам мислите во текот на тешкиот период 2005 и 2008 година, на мојот роденден против Црвена Ѕвезда засекогаш ќе ги чувам крај срцето.
Атина.Неа фудбалот ни ја поклони само од една причина: јас и вие, ние, толку многу ја посакувавме што неможеше да ни одолее и да ни се предаде.Нормално, се испадна многу поубаво и од најубавиот сон.Два гола против Ливерпул, две години после Истамбул, седма титула во Лигата на Шампиони.Судбината ни поклони дури повеќе од она што ние се надевавме.
Денеска сакам со цело срце да им се заблагодарам на Адријано Галијани и Берлускони.Нивниот ентузијазам кон мене ме направи посилен, ме носеше напред, подалеку од сите граници.Но, не ги заборавам ни оние кој што од млади категории па се до сите фудбалски клубови за кој што сум играл, ми помогнаа да станам фудбалер каков што јас сум сега.
Му благодарам на мојот Милан, му благодарам на фудбалот.Дозволете ми Милан да го наречам свој, како и личностите од Виа Турати од Миланело, магационерите, физиотерапевтите, докторите, куварите, Сан Сиро, соблекувалната, сите особи кој ме гледаа секоја недела и се надеваа на мој погодок.Чао драг Анчелоти, со тебе освоив се што може да се посака, чао на сите вие прекрасни навивачи од целиот свет, кој ме пратите со многу љубов и страст, чао на сите мој соиграчи, сегашни и бивши…
И на крај ако ми дозволите, би рекол, фала, фала, фала на мојата фамилија: Мајка ми Марина, татко ми Џанкарло, на Симоне, и Томасо.Ништо не би постигнал без вас.Вие сте мојата сила.
Драг мој Милане, те оставам само затоа што животот е таков.Мораме да се разделиме, дојде тој час.Тоа го знаеш и самиот.
Поздрав и фала ви на сите!
Пипо Инзаги.
Пирло: Си заминав затоа што Алегри не ме сакаше во тимот

Фудбалерот на „старата дама“, Андреа Пирло откри дека главната причина поради која тој се одлучил да го напушти Милан е тоа што тренерот Алегри повеќе не сметал на неговите услуги.
Пирло во летниот преоден рок го напушти Милан и се пресели во Јувентус со кој оваа сезона ја освои титулата во Серија А.
„Милан ми понуди продолжување на договорот за една година а јас барав за три, бидејќи јас бев помлад од другите фудбалери чии што договори со тимот исто така истекуваа.“- рече Пирло за Gazzetta dello Sport.
„Сепак,главната причина поради која го напуштив Милан е тоа што Алегри сакаше да игра со Амбросини и Ван Вомел пред дефанзивната линија.Тоа значеше дека јас ќе морам да ја променам позицијата на теренот.Затоа им реков „не фала“ и се преселив во Јувентус“
„Во Милан сметаа дека јас повеќе не сум му од корист на тимот.Тоа го сфатив, веднаш штом започнаа преговорите“ – заврши италијанецот.




